Евреите 5:12-13
Евреите 5:12-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Веќе долго време сте христијани и досега требаше вие да подучувате други луѓе. Наместо тоа се уште некој треба вас да ве учи на првите лекции од Божјата порака. Уште сте како бебиња што можат да пијат само млеко и не можат да јадат тврда храна. А тој што се храни само со млеко, во духовниот живот, се уште е дете и не умее да постапува праведно.
Евреите 5:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто, иако според годините вие требаше веќе да бидете учители, вие сѐ уште имате потреба некој да ве учи кои се првите начела на словото Божјо, и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна. Секој што се храни со млеко, е невешт во словото на правдата, бидејќи е дете
Евреите 5:12-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Имено, според времето требаше да бидете учители; меѓутоа вам ви е пак потребно да ве учи некој на основните начела на Божјите пророчки зборови; и станавте такви што ви е потребно млеко, а не тврда храна. Зашто секој, кој се храни со млеко, неискусен е во словото на правдата, зашто е младенец.