Евреите 4:6-11
Евреите 4:6-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И така, на некои им се отвори да влезат во него, а оние, на кои им беше порано проповедано Евангелието, не влегоа поради непослушност. Затоа Тој пак определи еден ден „Денес“, велејќи преку Давид, по толку време, како што е речено погоре: „Денес, кога ќе го чуете гласот Негов, не стврднувајте ги срцата ваши.“ Зашто, ако Исус Навин им беше дал спокој, Бог немаше да зборува веќе потоа за друг ден. Но, за народот Божји сѐ уште останува саботна починка. Зашто, кој ќе влезе во спокојот Негов, тој ќе се одмора од делата свои, како и Бог од Своите. И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност.
Евреите 4:6-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Според тоа, Божјото спокојство е отворено за да влегуваат луѓето, но тие што порано ја слушнаа Радосната вест не влегоа, поради непослушност. Затоа Бог повторно определува време кога може да се влезе во Неговото спокојство и тоа време е денес. Бог ова по долго време го објави преку Давид, со веќе претходно цитираните зборови: „Ако денес го слушнете Божјиот глас, не стврднувајте ги вашите срца.“ Ако тоа место на спокојство беше земјата Канаан, каде што Јошуа ги одведе, Бог немаше подоцна да зборува за друго место на спокојство. Според тоа, за Божјиот народ ќе има саботна починка. Зашто оние што ќе влезат во Божјата починка ќе се одморат од своите дела, како што Бог се одмори откако го создаде светот. Затоа треба да се потрудиме да влеземе во тоа место на спокојство, зашто секој што Му е непослушен на Бог, како што беа Израелците, ќе отпадне.
Евреите 4:6-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, ако останува некои да влезат во неа, а оние кои порано го чуле Евангелието не влегле заради непослушност; пак определува некој ден, „денес“, кога по толку време зборува преку Давида, како што е речено порано: „Денес ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца.“ Зашто, ако Исус Навинов можеше да ги доведе во починка, не би зборувал после тоа за друг ден. Значи, на Божјиот народ му остана починката. Имено, кој влегол во Неговата починка, тој се одморил од своите дела, како и Бог од Своите. И така, да се погрижиме да влеземе во Христовата починка, за да не падне некој по примерот на истата непослушност!