Евреите 1:1-4
Евреите 1:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на нашите предци преку пророците, во последниве денови ни зборува преку Синот, Кого Го постави за наследник над сѐ, преку Кого ги создаде и вековите. Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сѐ со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на Севишниот во висините. И стана толку повозвишен од ангелите, колку што е пославно името што го наследи, во споредба со нивното.
Евреите 1:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во минатото Бог преку пророците им говореше на нашите предци по многу поводи и на многу начини. Сега, во овие последни денови, Тој ни проговори преку Својот Син - Исус Христос. Преку Него Бог го создаде светот и Него го определи за наследник на се. Тој го одразува сиот сјај на Божјата слава и точно покажува каков е Бог. Тој ја одржува вселената со Својот моќен збор. Откако умре за да не исчисти од нашите гревови, Христос седна на небото од десната страна на Величествениот Бог. Ова покажува дека Божјиот Син е повозвишен од ангелите, како што е повозвишено и името што Му е дадено
Евреите 1:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Бог, Кој од стари времиња, многупати и на многу начини, им зборуваше на нашите татковци преку пророците, во последниве денови ни зборуваше преку Синот, Кого Го постави за наследник на сѐ и преку Кого ги создаде и вековите. Тој е одблесок на Неговата слава и одраз на Неговото битие, Кој носи сѐ со Своето силно Слово, Кој го изврши очистувањето на гревовите и седна оддесно на Величеството во висините, и стана толку повозвишен од ангелите, колку што наследи повозвишено име од нив.