Евреите 1:1-2
Евреите 1:1-2 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во минатото Бог преку пророците им говореше на нашите предци по многу поводи и на многу начини. Сега, во овие последни денови, Тој ни проговори преку Својот Син - Исус Христос. Преку Него Бог го создаде светот и Него го определи за наследник на се.
Евреите 1:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на нашите предци преку пророците, во последниве денови ни зборува преку Синот, Кого Го постави за наследник над сѐ, преку Кого ги создаде и вековите.
Евреите 1:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Бог, Кој од стари времиња, многупати и на многу начини, им зборуваше на нашите татковци преку пророците, во последниве денови ни зборуваше преку Синот, Кого Го постави за наследник на сѐ и преку Кого ги создаде и вековите.