Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 46:5-25

Создавање 46:5-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И тргна Јаков од Вирсавија; и синовите на Израел го сместија Јаков, таткото свој, и децата свои, и жените свои во колите, што им ги беше пратил фараонот, за да го доведат. И го зедоа добитокот свој и имотот свој, што го беа спечалиле во хананската земја, и дојдоа во Египет – Јаков и сиот негов род заедно со него. Синовите негови и внуците негови, и ќерките негови и внуките негови, и целото негово потомство. А ова се имињата на децата Израе­лови, кои дојдоа во Египет: Јаков и си­новите негови. Првенецот на Јаков, Ру­вим. Синовите Рувимови: Ханох и Палу, Есром и Карми. Синовите Симеонови: Јемуел, Ја­мин, Оад, Јахин, Сигор и Саул, син на Хананката. Синовите Левиеви: Гирсон, Каат и Мерариј. Синовите Јудини: Ер, Онан, Шела, Фарес и Зерах; но Ер и Онан умреа во хананската земја. Синови на Фарес беа Есром и Хамул. Синови Исахарови: Тола, Пуа, Јов и Шимрон. Синови Завулонови: Серед, Елон и Јахлеел. Тоа се синовите на Лија, што му ги роди на Јаков во рамнината Арам, заедно со Дина, ќерката негова. Сите синови и ќерки негови беа триесет и три души. Синови Гадови: Цифон, Хагиј, Шуниј, Ецбон, Ериј, Ародиј и Арелиј. Синови Асирови: Јимна, Јишва, Јишвиј и Берија – и сестрата нивна Зара. А синови на Берија беа: Хевер и Мелхиил. Тоа се синовите на Зелфа, која ѝ ја даде Лаван на Лија, ќерката своја; таа му роди на Јаков шеснаесет души. Синови, пак, на Рахила, жената на Јаков, беа: Јосиф и Венијамин. А на Јосиф во Египет му се родија од Асената, ќерката на Потифера, свештеникот од Он: Манасија и Ефрем. А синови Венијаминови беа: Бела, Бехер и Ашбел; Гера, Наман, Ехиј, Рош, Мупим, Хупим и Ард. Тоа се синовите на Јаков, што му ги роди Рахила, – вкупно четиринаесет души. А син Данов: Хушим. Синови на Нефталим: Јахцеел, Гул, Јецер и Шилем. Тоа беа синови на Билха, која ѝ ја даде Лаван на ќерката своја Рахила; таа му роди на Јаков вкупно седум души.

Создавање 46:5-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И Јаков тргна од Вирсавеа. Израелевите синови ги сместија: татка си Јакова, своите деца и своите жени во колите, што фараонот ги испрати, за да го превезат. Ги зедоа со себе својот добиток и имотот што го спечалија во Ханаанската Земја, и пристигнаа во Египет - Јаков и сето негово потомство. Со себе ги доведе во Египет своите синови и внуци, своите ќерки и ќерките на своите синови, сиот свој род. Овие се имињата на Израелевите синови - на Јакова и на неговите потомци - кои стигнаа во Египет: Јакововиот првенец Рувим. Рувимови синови: Енох, Фалу, Есрок и Хармиј. Симеонови синови: Емуил, Јамин, Аод, Јахин, Сохар и Саул, син на Хананка. Левиеви синови: Гирсон, Каат и Мерариј. Јудини синови: Ир, Онан, Шела, Фарес и Зара; Ир и Онан умреа во Ханаанската Земја. Фаресови синови беа: Есрон и Амул. Исахарови синови: Тола, Фуа, Јов и Симрон. Завулонови синови: Серед, Елон и Јалеил. Тоа се синовите кои Лија ги имаше со Јакова во Падан Арам, и уште ќерката Дина. И така, ги имаше вкупно триесет и три. Гадови синови: Сифон, Агиј, Суниј, Есвон, Ириј, Ародиј и Арилиј. Асирови синови: Емна, Есуа, Есуј и Верија, и сестра им Сера. Вериеви синови: Хевер и Малхиел. Тоа беа потомците на Зелфа, која Лаван ѝ ја подари на ќерка си Лија. Така, таа му роди на Јакова шеснаесет души. Синови на Јакововата жена Рахила: Јосиф и Венијамин. На Јосифа му се родија во Египетската Земја Манасиј и Ефрем. Му ги роди ќерката на Онскиот свештеник Поти Фер. Венијаминови синови: Вела, Вехер, Асвил, Гира, Нааман, Ихиј, Рос, Мупим, Упим и Аред. Тоа беа Рахилините потомци, кои му ги роди на Јакова - вкупно четиринаесет души. Данов син е Усим. Нефталимови синови: Јасиил, Гуниј, Есер и Силим. Тоа беа потомците на Вала, која Лаван ѝ ја даде на ќерка си Рахила. Таа му роди на Јакова седум потомци.