Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 45:1-7

Создавање 45:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш Јосиф, не можејќи повеќе да се воздржи пред оние што стоеја околу него, извика: „Отстранете ги сите од мене.“ И така никој не остана при Јосиф кога им се откри на браќата свои. Па заплака силно, така што чуја Егип­ќаните, а се чу и во домот на фа­раонот. И им рече Јосиф на браќата свои: „Јас сум Јосиф! Дали е уште жив татко ми?“ Но браќата не можеа да му одго­ворат, бидејќи се уплашија пред него. Но Јосиф им рече на браќата свои: „Дојдете поблизу до мене!“ И тие пристапија; а тој им рече: „Јас сум Јосиф, братот ваш, кого го продадовте во Египет. А сега, пак, не жалостете се, ниту да жалите што ме продадовте ваму, би­дејќи Бог ме прати мене пред вас, за да го запази животот ваш. Зашто има веќе две години, откако настапи глад на земјата, а уште пет години остануваат, во кои ќе нема ни орање, ниту жетва. Затоа Бог ме прати пред вас, за да ве зачува на земјата, а и да ви го запази животот со големо избавување.

Создавање 45:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Јосиф не можеше веќе да се совладува пред оние, кои го опкружуваа, па извика: „Нека отстапат сите!“ Така не остана никој со Јосифа, кога им се откри на браќата. Заплака гласно одеднаш, да можеа и Египетците да го чујат. Се научи за тоа и во фараоновиот дворец. „Јас сум Јосиф - им рече Јосиф на браќа си. - Дали е татко ми уште жив?“ Но браќата не можеа да му одговорат, толку се смутија пред него. Јосиф им рече пак на браќата: „Приближете се кон мене!“ Кога се приближија, продолжи: „Јас сум Јосиф, вашиот брат; кого го продадовте во Египет. Но сега не се возбудувајте и не жалете за тоа дека ме продадовте ваму; зашто Бог е Оној, Кој ме испрати пред вас, за запазување на вашиот живот. Веќе две години се откако дојде гладот на земјата, а уште пет години нема да има ни орање ни жетва во земјата. Затоа Бог ме испрати пред вас, за да ви биде запазен остатокот на земјата и да ви го спаси животот со големо избавување.