Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 42:18-28

Создавање 42:18-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А на третиот ден Јосиф им рече: „Ако сакате да останете живи, еве што ќе направите, зашто јас се плашам од Бога: ако сте чесни луѓе, еден брат од вас нека остане овде под стража, во домот каде што сте затворени, а вие останатите отидете и однесете жито на ва­шите изгладнети семејства. А потоа доведете го кај мене најмалиот ваш брат, за да се потврдат зборовите ваши. Ако ли не, ќе заги­нете.“ И тие постапија така. И си рекоа еден на друг: „Тешко нам! Ова е казната поради братот наш; не ја почувствувавме маката на душата негова, кога ни се молеше, но ние се оглушивме. Затоа и нѐ снајде ова зло.“ А Рувим им одговори, велејќи: „Зар не ви реков јас – не грешете против детето? Но вие не ме послушавте; и, еве, сега од нас се бара крвта негова.“ А тие не знаеја дека Јосиф ги разбира, зашто со него разговараа преку преведувач. Тогаш Јосиф се оддели од нив и заплака. И Јосиф заповеда да им ги наполнат вреќите со жито, а парите, кој колку што дал, да им ги вратат секому во вреќата, и да им дадат храна за по пат. И така беше направено. Па, откако го натоварија житото на своите магариња, си заминаа оттаму. А еден од нив, кога ноќеваа, ја отвори вреќата, за да го нахрани своето магаре, и ги виде парите свои одозгора во вреќата; и им рече на браќата свои: „Јас ги добив парите мои назад, еве ги во мојава вреќа.“ И затрепери срцето во нив. Се уплашија и си рекоа: „Зошто ни го направи Бог ова?“

Создавање 42:18-28 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

На третиот ден, Јосиф им рече: „Извршете го тоа, и ќе останете во живот, зашто јас сум човек, кој се бои од Бога. Ако сте чесни, еден од вас нека остане во затворот, а вие другите одете си и однесете го житото во својот дом што гладува. Потоа доведете ми го вашиот најмлад брат, за да докажете дека се вистинити вашите зборови и да не загинете.“ Тие се согласија. И еден на друг си велеа: „Тешко ни нам! Нѐ стигна казна заради нашиот брат; ја гледавме неговата мака додека нѐ молеше за милост, ама не го послушавме. Затоа нѐ снајде оваа неволја.“ Рувим им одговори: „Зар не ви зборував: ‘Не грешете против детето!’ Но вие не слушавте. Сега се бара сметка за неговата крв.“ Не знаеја дека Јосиф ги разбира, зашто зборуваа со него преку преведувач. Тој се оддалечи од нив и заплака. Пак се врати и разговараше со нив. И го одвои Симеона од нив и нареди да биде врзан пред нивни очи. А Јосиф заповеда да им ги наполнат вреќите со жито; секому да му ги стават сребрениците во вреќата и да им дадат храна за по пат. Така им сторија. Тие го натоварија житото на своите ослиња и тргнаа оттаму. Кога еден од нив ја отвори, во преноќиштето, својата вреќа, за да го нахрани ослето, ги виде своите сребреници одозгора во вреќата. „Моето сребро ми е вратено! - им извика на браќата. - Еве го во мојата вреќа!“ Срцето затрепери во нив. Се загледаа уплашени и рекоа: „Што ни го стори ова Бог?“