Создавање 40:20-23
Создавање 40:20-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога дојде третиот ден, а тоа беше денот во кој се родил фараонот, тој им приреди гозба на своите слуги, па се сети на главниот винар и на главниот пекар помеѓу слугите свои. И го врати главниот винар на поранешната служба, за да му ја подава чашата на фараонот, додека главниот пекар го обеси, како што беше рекол Јосиф. Но главниот винар не си спомна за Јосиф, туку го заборави.
Создавање 40:20-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
На третиот ден, на фараоновиот роденден, тој направи гозба за сите свои царедворци и си спомна за главниот виноцрпец и за главниот лебар среде своите службеници. Го врати главниот виноцрпец во виноцрпачка служба, па и натаму ја ставаше чашата во фараоновата рака, а го обеси главниот лебар, како што Јосиф им протолкува. Сепак главниот виноцрпец не се сети за Јосифа - го заборави.