Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 37:5-11

Создавање 37:5-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Притоа Јосиф сони сон и им го рас­кажа на своите браќа, а тие го замразија уште повеќе. И им рече: „Чујте го сонот што го со­нив: врзуваме снопје во полето, и одеднаш мојот сноп се исправи, и застана прав, а вашите снопови се распоредија наоколу и му се поклонија на мојот сноп.“ Тогаш браќата му рекоа: „Зарем ти ќе царуваш над нас? Зарем ти ќе владееш над нас?“ Затоа уште повеќе го замразија, поради неговите соништа и поради неговите зборови. Потоа тој сони и втор сон, и им го раскажа и на браќата свои, велејќи: „Сонив уште еден сон, а тоа – сонцето и месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа.“ И му го раскажа на својот татко како и на браќата свои, но татко му го прекори и рече: „Каков е тој сон што си го сонил? Зар јас и мајка ти, и браќата твои, ќе дојдеме тебе да ти се поклониме доземи?“ И му позавидоа браќата негови; но татко му ги запомни тие зборови.

Создавање 37:5-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Еднаш Јосиф сонуваше сон, и им го раскажа на своите браќа, а тие го замразија уште повеќе заради тоа. „Чујте го сонот - им рече - што го видов! Замислете! Врзувавме снопови во средината на полето, кога одеднаш мојот сноп се исправи и застана нагоре. Тогаш вашите снопови се собраа наоколу и му се поклонија на мојот сноп.“ Неговите браќа го прашаа: „Да не сакаш да зацаруваш над нас? Сакаш ли да ни бидеш господар?“ И го замразија уште повеќе, заради неговото раскажување на соништата. Тој виде уште еден сон и им го раскажа на своите браќа: „Сонував уште еден сон. Внимавајте! Сонцето, месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа длабоко!“ Кога му го раскажа тоа на својот татко, татко му го укори и му рече: „Што значи сонот што го сонуваше? Зар ќе дојдеме: јас, мајка ти и браќа ти, па да ти се поклонуваме до земја?“ И додека неговите браќа му беа лути, од завист, татко му размислуваше за сѐ.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност