Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 35:2-10

Создавање 35:2-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш Јаков им рече на своите домашни и на сите, кои беа со него: „Исфрлете ги туѓите богови, што се кај вас, па исчистете се и преоблечете се. Да се кренеме и да отидеме во Ветил; таму ќе направам жртвеник на Бога, Кој ме чу во денот на неволјата моја, и беше со мене на патот, по кој одев.“ И му ги дадоа на Јаков сите туѓи богови, што беа во нивни раце, и обетките, што ги имаа на ушите; и ги закопа Јаков под дабот кај Сихем. Потоа тргнаа. А страв Божји ги беше спопаднал околните градови, та не се кренаа во потера по синовите на Јаков. И Јаков дојде во Луз, во земјата хананска, а тоа е Ветил, самиот тој и луѓето што беа со него, и подигна таму жртвеник, и го нарече тоа место: Ел-Ветил, зашто таму му се беше јавил Бог, кога бегаше од лицето на својот брат. Тогаш умре Девора, доилката на Ревека, и ја погребаа подолу од Ветил, под дабот, кого Јаков го нарече Плачниот даб. И му се јави Бог на Јаков, откако се врати од рамнината Арам, и го благослови. И Бог му рече: „Името ти е Јаков, но отсега нема да се именуваш Јаков; името ќе ти биде Израел.“ И го нарече Израел.

Создавање 35:2-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И Јаков им рече на сите во својот дом и на сите што беа со него: „Отфрлете ги туѓите идоли, што се наоѓаат во ваша средина; очистете се и преоблечете се. Одиме горе во Ветил; таму ќе Му направам жртвеник на Бога, Кој ме послуша кога бев во неволја и беше со мене на патот, по кој одев.“ Тие му ги предадоа на Јакова сите туѓи идоли, што ги имаа, и наушниците што беа на нивните уши, и Јаков ги закопа под дабот во Сихем. Кога тргнаа, страв од Бога ги опфати околните места, така што не тргнаа во потера по Јакововите синови. Јаков стигна во Луз, односно Ветил, во Ханаанската Земја, и сите луѓе што беа со него. Таму изгради жртвеник - и местото го нарече Ел-Ветил, зашто Бог му се јави таму, кога тој бегаше пред својот брат Исав. Тогаш умре Ревекината доилка Девора, па ја погребаа под Ветил, под дабот, што оттогаш се вика „Тажен Даб.“ Бог му се јави пак на Јакова, кога стигна од Падан Арам, и го благослови. Бог му рече: „Името ти е Јаков, но отсега нема да се викаш Јаков, туку твоето име ќе биде Израел.“ Така го нарече Израел.