Создавање 32:9-12
Создавање 32:9-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И рече: „Ако Исав удри на едната група и ја разбие, можеби втората ќе се спаси.“ И пак рече Јаков: „Боже на таткото мој Авраам, Боже на таткото мој Исак, Господи, Ти, Кој ми рече – ‚Врати се во земјата каде што си роден, и Јас ќе ти бидам добротвор!‘ – Не сум достоен за сите милости и добрини што му ги направи на слугата Твој; зашто само со стап го минав овој Јордан, а сега сум господар на два табора. Спаси ме од рацете на братот мој, од рацете Исавови, зашто се плашам од него да не би, кога ќе дојде, да ме убие мене, и мајките и децата.
Создавање 32:9-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Јаков се помоли: „О, Боже на татка ми Авраама! Боже на мојот татко Исак! О, Господи, Кој ми нареди: ‘Врати се во својот роден крај, и Јас ќе ти сторам добро!’ Не сум достоен за сета добрина што му ја искажуваше на својот слуга постојано. Зашто некогаш само со својот стап поминав преку Јордан, а сега станав две дружини. Избави ме од рацете на брата ми, од Исавовите раце! Инаку се плашам дека може да дојде и да нѐ убие: и мене, и мајките, и децата. Ти рече: ‘Ќе ти давам изобилно добрини и твоето потомство ќе го умножам како морскиот песок, што не може да биде изброен заради своето множество.’“