Создавање 32:24-30
Создавање 32:24-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А откако нив ги зеде и ги преведе преку потокот, пренесе и сѐ друго што имаше. А кога остана Јаков сам, тогаш Некој се бореше со него до зори. И кога виде дека не може да го совлада, му го стегна зглобот на бедрото негово, така што на Јаков му се измести колкот од зглобот додека се бореше со Него. Па тогаш рече: „Пушти Ме веќе, зора е!“ Но Јаков одговори: „Нема да Те пуштам, додека не ме благословиш!“ И му рече: „Како се викаш?“ А тој одговори: „Јаков.“ Тогаш му рече: „Отсега името нема да ти биде Јаков, туку Израел; зашто се бореше со Бога, и со луѓето и ги победи.“ А Јаков праша и рече: „Кажи ми го името Твое!“ А Тој одговори: „Зошто прашуваш за името Мое?“ И го благослови таму.
Создавање 32:24-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Некој се бореше со него до зазорување. Откако виде дека не може да го совлада, му го измести бедрото при зглобот, така што на Јакова му се измести колкот додека се бореа. Потоа рече: „Пушти Ме, зашто се зазори!“ Но тој одговори: „Не те пуштам додека не ме благословиш.“ Тогаш, го праша: „Како ти е името?“ Одговори: „Јаков.“ Оној му рече: „Отсега не ќе ти биде името Јаков, а Израел, зашто се бореше со Бога и со луѓето, и победи.“ Јаков го праша: „Кажи ми го Твоето име?“ А Тој рече: „Зошто прашуваш за Моето име, тоа е чудно?“ И го благослови таму. Јаков го нарече местото: Фануил, зашто - рече - „Го видов Бога лице во лице, и останав жив.“