Создавање 32:24-26
Создавање 32:24-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А откако нив ги зеде и ги преведе преку потокот, пренесе и сѐ друго што имаше. А кога остана Јаков сам, тогаш Некој се бореше со него до зори. И кога виде дека не може да го совлада, му го стегна зглобот на бедрото негово, така што на Јаков му се измести колкот од зглобот додека се бореше со Него.
Сподели
Прочитај Создавање 32Создавање 32:24-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Некој се бореше со него до зазорување. Откако виде дека не може да го совлада, му го измести бедрото при зглобот, така што на Јакова му се измести колкот додека се бореа. Потоа рече: „Пушти Ме, зашто се зазори!“ Но тој одговори: „Не те пуштам додека не ме благословиш.“
Сподели
Прочитај Создавање 32