Создавање 3:14-15
Создавање 3:14-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
На змијата, пак, ѝ рече Господ Бог: „Затоа што си го направила тоа, проклета да си меѓу сите животни и сите полски ѕверови; помешечки ќе се влечеш и прав ќе јадеш сѐ до крајот на својот живот! И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Тој ќе ти ја смачкува главата, а ти ќе го каснуваш во петата.“
Сподели
Прочитај Создавање 3Создавање 3:14-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Господ, Бог, ѝ рече на змијата: „Бидејќи го направи тоа, проклета да бидеш меѓу сите ѕверови и меѓу секое полско животно! По мевот ќе се влечеш и прав ќе јадеш Сите денови на својот живот! Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и Нејзиното Семе: Тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе Му ја сотруваш петицата.“
Сподели
Прочитај Создавање 3