Создавање 3:1-6
Создавање 3:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог; па ѝ рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?“ А жената ѝ рече на змијата: „Ние јадеме род од секое дрво во рајот; – само од родот на она дрво среде рајот, – рече Бог, – не јадете од него и не допирајте се до него, за да не умрете!“ Тогаш змијата ѝ рече на жената: „Не, нема да умрете! Но Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.“ Кога жената, виде дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав на изглед, и дека дрвото е пожелно поради тоа што дава знаење, набра род од него и го изеде, па му даде и на мажот свој, та и тој јадеше.
Создавање 3:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Змијата беше полукава од сите полски животни, што Господ, Бог, ги направи. Таа ѝ рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол, - не ќе јадете од ниедно дрво во градината?“ Жената ѝ рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!’“ А змијата ѝ рече на жената: „Навистина, не ќе умрете! Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.“ Жената виде дека дрвото е добро за јадење, пријатно за очите и дрво пожелно за да се постане мудар: набра од неговиот плод и го јаде. Му даде и на својот маж, кој беше со неа, па и тој јадеше.