Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 29:16-25

Создавање 29:16-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А Лаван имаше две ќерки: на постарата ѝ беше името Лија, а на по­младата Рахила. На Лија очите и беа болникави, а Рахила имаше убава става и убаво лице. Јаков ја засака Рахила, па рече: „Ќе ти служам седум години за Рахила, твојата помала ќерка.“ Тогаш Лаван рече: „Подобро тебе да ти ја дадам, отколку на друг; остани кај мене!“ И отслужи Јаков за Рахила седум години, и тие му се причинија како неколку дена, зашто ја сакаше. И му рече Јаков на Лаван: „Дај ми ја жената, зашто дојде времето да влезам кај неа!“ И ги повика Лаван сите луѓе од тоа место и направи свадбена гозба. А вечерта ја зеде Лија, ќерката своја, и ја воведе кај Јаков, и тој влезе кај неа. И Лаван ѝ ја даде Зелфа, слугинката своја, на Лија, ќерката своја, за да ѝ биде слугинка. А кога настана утрото, се виде дека тоа била Лија, па му рече Јаков на Лаван: „Што ми направи? Нели за Ра­хила ти слугував? Зошто ме измами?“

Создавање 29:16-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А Лаван имаше две ќерки. На повозрасната името ѝ беше Лија, а на помладата Рахила. Лија имаше слаби очи, а Рахила беше складна и убава на лице. Бидејќи Јаков се вљуби во Рахила, рече: „Ќе ти служам седум години за твојата помлада ќерка Рахила.“ Лаван одговори: „Подобро да ти ја дадам тебе, отколку на некој туѓинец. Остани со мене!“ Така Јаков служеше, за Рахила, седум години, ама му се видоа, заради љубовта кон неа, како неколку дни. Потоа Јаков му рече на Лавана: „Дај ми ја мојата жена, зашто моето време се исполни, па сакам да влезам при неа.“ Лаван ги собра сите луѓе од местото и им даде гозба. Но вечерта ја зеде својата ќерка Лија и неа ја воведе кај Јакова, и тој ѝ пријде. Лаван ѝ ја даде својата слугинка Зелфа на ќерка си Лија за слугинка. Кога бидна утро, а тоа, ете, Лија! Тогаш Јаков му рече на Лавана: „Зошто ми стори така! Зар не ти служев јас за Рахила? Зошто ме измами?“