Создавање 28:13-15
Создавање 28:13-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А ете, Господ стоеше на неа, Кој му рече: „Јас сум Господ Бог на таткото твој Авраам и Бог Исаков. Оваа земја, на која лежиш, ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое; а потомството твое ќе биде колку песокот на земјата; ти ќе се рашириш на запад и на исток, и на север и на југ, и сите племиња на земјата ќе бидат благословени поради тебе и поради потомството твое. И еве, Јас сум со тебе, и ќе те чувам насекаде каде и да појдеш, и ќе те вратам во оваа земја, и нема да те оставам сѐ додека не го извршам она што сум ти рекол.“
Создавање 28:13-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Покрај нив е Господ и му зборува: „Јас Сум Господ, Бог на твојот прататко Авраам и Бог Исаков. Земјата на која лежиш ќе ти ја дадам тебе и на твоето потомство. Твои потомци ќе има како и прав на земјата; ќе се раширите на запад, исток, север и југ; преку тебе и преку твоето потомство ќе бидат благословувани сите народи на земјата. И ете, Јас Сум со тебе; ќе те чувам каде и да тргнеш, па ќе те доведам назад во оваа земја; и нема да те оставам додека не го извршам она што ти го ветив.“