Создавање 26:1-6
Создавање 26:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но настана глад во земјата покрај оној што беше во Авраамовото време; и Исак отиде кај Авимелех, царот филистејски, во Герар. И му се јави Господ и рече: „Не оди во Египет, туку живеј во земјата, која ќе ти ја покажам. Насели се во таа земја и Јас ќе бидам со тебе, и ќе те благословам; зашто тебе и на потомството твое ќе ви ја дадам сета таа земја, и ќе ја потврдам заклетвата, со која му се заколнав на Авраам, таткото твој; и ќе го умножам потомството твое како ѕвездите на небото, и ќе му ја дадам на потомството твое сета таа земја и ќе се благословат преку потомството твое сите земни народи. Бидејќи Авраам го послуша гласот Мој и се покоруваше на заповедите Мои, на наредбите Мои и на законите Мои.“ И се насели Исак во Герар.
Создавање 26:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во земјата настапи глад, различен од поранешниот, што беше за времето на Авраама, па Исак отиде при Авимелеха, царот на Филистејците во Герар. Господ му се јави и рече: „Не слегувај во Египет: живеј во земјата, што ќе ти ја покажам. Настани се во таа земја, Јас ќе бидам со тебе и ќе те благословувам; тебе и на твоето потомство ќе ви ги дадам сите овие земји, за да ја исполнам заклетвата со која му се заколнав на татка ти Авраама. Ќе го умножам твоето потомство како ѕвезди на небесата и на твоето потомство ќе му ги дадам сите овие краеви, така што преку твоето потомство ќе бидат благословувани сите народи на земјата; бидејќи Авраам го слушаше Мојот глас и им се покоруваше на Моите заповеди, на Моите закони и одредби!“ Така Исак остана во Герар.