Создавање 24:63-67
Создавање 24:63-67 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Приквечер излезе Исак во полето да се прошета, па ги крена очите: а тоа – ете, камилите идат. Ревека, откако ги подигна очите свои и го виде Исак, слезе од камилата и го праша слугата: „Кој е оној човек, што преку полето ни доаѓа во пресрет?“ А слугата одговори: „Тоа е господарот мој.“ – Тогаш таа зеде превез, па се покри. И му раскажа слугата на Исак сѐ што беше направил. Тогаш Исак ја одведе во шаторот на Сара, мајката своја, и ја зеде Ревека и таа му стана жена, и му омиле. И Исак се утеши за Сара, мајката своја.
Создавање 24:63-67 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во предвечерје, Исак излезе да се прошета по полето; ги подигна очите и ги виде камилите, како доаѓаат. Кога Ревека, подигнувајќи ги своите очи, го виде Исака, слезе од камилата и го праша слугата: „Кој е оној човек, кој ни иде во пресрет по полето?“ А слугата одговори: „Тој е мојот господар.“ И таа го зеде превезот и се покри. Слугата му раскажа на Исака сѐ што извршил. Тогаш Исак ја воведе Ревека во шаторот на својата мајка Сáра и ја зеде за своја жена. Во љубовта кон неа Исак најде утеха по смртта на мајка си.