Создавање 2:18-21
Создавање 2:18-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Господ Бог рече: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!“ Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите небески птици, и ги доведе кај човекот за да види како ќе ги нарече тој, па, како што човекот ќе го нарече секое живо суштество, така да му биде и името. И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на небеските птици, и на сите полски ѕверови; но за човекот не се најде помошник, сличен на него. Затоа Господ му прати на човекот длабок сон; па кога заспа, му извади едно ребро, и местото го пополни со месо.
Создавање 2:18-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Господ, Бог, рече: „Не е добро човекот да биде сам, ќе му направам помошник соодветен нему.“ Тогаш Господ, Бог, ги обликува од земја сите животни во полето и сите птици во воздухот, и ги приведе при човекот, за да види како ќе ги нарече, па како човекот ќе го именува секое суштество, така да му биде името. Човекот им даде имиња на сиот добиток, на птиците во воздухот и на секое животно во полето. Но за човекот не се најде помош соодветна на него. Тогаш Господ, Бог, му нанесе длабок сон на човекот та тој заспа, и му извади едно од неговите ребра, а местото го исполни со месо.