Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 17:1-8

Создавање 17:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Аврам имаше деведесет и девет години кога му се јави Господ и му рече: „Јас сум Ел-Шадај – Бог семоќен, чекори по Мојот пат и биди непорочен! И ќе склучам завет меѓу Мене и тебе, и многу, премногу ќе те раз­множам.“ Аврам падна ничкум. А Бог про­должи да му говори и му рече: „А ова е заветот Мој со тебе: ќе станеш татко на многу народи. Затоа повеќе нема да се викаш Аврам, туку името ќе ти биде Авраам, бидејќи ќе те направам татко на многу народи; и многу, премногу ќе те умножам, и ќе издигнам од тебе многу народи, и цареви ќе произлезат од тебе. И ќе го поставам заветот Мој меѓу Мене и тебе и меѓу твоите потомци по тебе во нивните родови; ќе направам завет вечен, и ќе ти бидам Бог тебе и на потомците твои по тебе. И ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое по тебе земјата, во која сега си доселеник, целата земја хананска во вечно владеење; и ќе им бидам Бог.“

Создавање 17:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кога Аврам имаше деведесет и девет години, Господ му се јави и му рече: „Јас Сум Ел Шадај - Сѐ моќен Бог, оди по Мојот пат и биди непорочен. А Својот Завет го склучувам со тебе и ќе те размножам многу.“ Аврам падна ничкум додека Господ му зборуваше уште: „А ова е Мојот Завет со тебе, ќе станеш татко на многу народи; и повеќе нема да се викаш Аврам (Висок Татко), туку името ќе ти биде Авраам (Татко на Множество), зашто те поставувам за татко на многу народи. Ќе те направам многу плоден; ќе произведам народи од тебе и цареви ќе произлезат од тебе. Го склучив Својот Завет меѓу Мене и тебе и твоето потомство, после тебе - Свој вечен Завет за векови: Јас ќе ви бидам Бог тебе и на твоето потомство, после тебе. Ви ја давам, тебе и на твоето потомство после тебе, земјата, во која престојуваш како придојденец, целата Ханаанска Земја, во вечна сопственост, а Јас ќе им бидам Бог.“