Создавање 14:17-20
Создавање 14:17-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А царот содомски му излезе во пресрет, кога се враќаше, откако го разби Кедорлаомер и царевите, што беа со него, во долината Шаве, која е сега Долина на царевите. И Мелхиседек, царот шалемски, изнесе леб и вино; а тој беше свештеник на Севишниот Бог, па го благослови, велејќи: „Благословен да е Аврам од Севишниот Бог, Создателот на небото и земјата! Благословен да е и Севишниот Бог, Кој ги предаде непријателите твои во рацете твои!“ И му даде Аврам десетти дел од сѐ.
Создавање 14:17-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Откако се врати, по поразот на Ходолгомор и на царевите, кои беа со него, царот на Содом му излезе во пресрет во Савинската долина, што е Царски Дол. А Малхиседек, царот на Салим, изнесе леб и вино. Тој Му беше свештеник на Сѐвишниот Бог. Го благослови велејќи: „Благословен да биде Аврам, Од Сѐвишниот Бог, Творец на небото и земјата! Благословеи да биде и Сѐвишниот Бог, Кој ти ги предаде непријателите во твои раце!“