Создавање 12:1-5
Создавање 12:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И му рече Господ на Аврам: „Излези од својата земја, и од родот свој, и од домот на татко си, па појди во земјата што ќе ти ја покажам Јас! А од тебе ќе направам голем народ, и ќе те благословам, и името твое ќе го прославам и ти ќе бидеш благословен. Ќе ги благословам оние, што тебе ќе те благословуваат, и ќе ги проколнам оние, што тебе ќе те проколнуваат и преку тебе ќе бидат благословени сите народи на земјата.“ Тогаш тргна Аврам, како што му кажа Господ, а со него појде и Лот. Аврам имаше седумдесет и пет години кога излезе од Харан. И ги зеде Аврам Сараја, жената своја, и Лот, братанецот свој, со целиот имот што го беа спечалиле, и слугите што ги беа придобиле во Харан, па излегоа за да отидат во земјата хананска.
Создавање 12:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господ му рече на Аврама: „Излези од својата земја, од родното место и од татковиот дом; и оди во земјата што ќе ти ја покажам. Ќе направам голем народ од тебе, ќе те благословам, ќе го прославам твоето име и самиот ќе бидеш благослов. Јас ќе ги благословам оние, кои ќе те благословуваат, а ќе ги проколнам оние, кои ќе те проколнуваат. И во тебе ќе бидат благословени сите племиња на земјата. Тогаш Аврам тргна, како што му рече Господ. И Лот тргна со него. Аврам имаше седумдесет и пет години кога излезе од Харан. Аврам ги поведе со себе: својата жена Сара и својот внук Лот, со целиот имот што го спечалија и со сите луѓе што ги доби во Харан, и сите тргнаа кон Ханаанската Земја. Кога стигнаа во Ханаан