Создавање 1:11-12
Создавање 1:11-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Бог рече: „Нека израсте од земјата зеленило – трева што дава семе, плодоносни дрвја кои во себе имаат семе!“ И стана така. Земјата пушти од себе зеленило: трева што дава семе според својот род, а и дрвја што раѓаат плод, чие семе е според нивниот род. И Бог виде дека тоа е добро.
Создавање 1:11-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Бог рече: „Нека изникне земјата со зеленило - со семеносна трева, со плодоносно дрво, кое - секое според својот вид - ќе донесува на земјата плод, што го носи своето семе во себе!“ И бидна така. И никна од земјата зеленило, трева што се осеменува, секоја според својот вид, и плодоносно дрво што раѓа плод, што го носи своето семе во себе, според својот вид. И Бог виде дека е добро.