Галатјаните 6:9-10
Галатјаните 6:9-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Да бидеме неуморни во правење добро, зашто ако истраеме, ќе дојде време кога ќе го ожнееме посеаното. Затоа, секогаш кога ќе ни се укаже можност, треба да им правиме добро на сите луѓе, а особено на оние што се наше семејство по вера, на христијаните.
Галатјаните 6:9-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме. И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера.
Галатјаните 6:9-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме. Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на оние, кои припаѓаат на нашето семејство по вера.