Галатјаните 6:7-10
Галатјаните 6:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Не залажувајте се: никој не може да го измами Господ! Секој човек ќе си го жнее тоа што си го сее! Тој што живее само за сопственото тело, ќе ожнее смрт, а кој живее за Духот, од Него ќе добие вечен живот. Да бидеме неуморни во правење добро, зашто ако истраеме, ќе дојде време кога ќе го ожнееме посеаното. Затоа, секогаш кога ќе ни се укаже можност, треба да им правиме добро на сите луѓе, а особено на оние што се наше семејство по вера, на христијаните.
Галатјаните 6:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Не лажете се: Бог не е за подигрување. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее. Кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот. Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме. И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера.
Галатјаните 6:7-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее: кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот. Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме. Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на оние, кои припаѓаат на нашето семејство по вера.