Галатјаните 6:2-5
Галатјаните 6:2-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Помагајте си еден со друг кога имате проблеми. На тој начин ќе го извршувате Христовиот закон. Ако некој мисли дека е премногу важен за да им помага на другите, самиот се залажува. Со тоа само покажува дека е никој и ништо. Секој треба да си ги проценува сопствените постигања, без да се споредува со други луѓе. Ако некоја работа е добро извршена, тоа треба да биде за лично задоволство, а не за да се фали пред другите. Зашто секој од нас е одговорен за сопственото поведение.
Галатјаните 6:2-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов. Зашто оној, кој сам себе се смета за нешто, а не е ништо, тој се мами самиот себе. Секој нека си ги испита делата свои и тогаш ќе има пофалба пред себе самиот, а не пред друг. Зашто секој ќе го понесе својот товар.
Галатјаните 6:2-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Носете ги бремињата еден на друг, и со тоа ќе го исполните законот Христов! Зашто, ако некој мисли дека е нешто, а не е ништо, самиот се измамува. А секој да го испита своето дело, па тогаш ќе има пофалба само пред себеси, а не пред друг. Зашто секој ќе го носи своето бреме.