Галатјаните 6:1-5
Галатјаните 6:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Браќа, ако и да падне некој во некаков грев, вие, кои сте духовни, поправувајте го таквиот во духот на кротоста, но чувај се себеси и ти да не бидеш искушан. Носете ги бремињата еден на друг, и со тоа ќе го исполните законот Христов! Зашто, ако некој мисли дека е нешто, а не е ништо, самиот се измамува. А секој да го испита своето дело, па тогаш ќе има пофалба само пред себеси, а не пред друг. Зашто секој ќе го носи своето бреме.
Галатјаните 6:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги пријатели христијани, ако некој од вас заглиби во некаков грев, вие што сте подуховни треба да му помогнете да се извлече, но внимателно, чувајќи се и вие да не бидете завлечени. Помагајте си еден со друг кога имате проблеми. На тој начин ќе го извршувате Христовиот закон. Ако некој мисли дека е премногу важен за да им помага на другите, самиот се залажува. Со тоа само покажува дека е никој и ништо. Секој треба да си ги проценува сопствените постигања, без да се споредува со други луѓе. Ако некоја работа е добро извршена, тоа треба да биде за лично задоволство, а не за да се фали пред другите. Зашто секој од нас е одговорен за сопственото поведение.
Галатјаните 6:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани. Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов. Зашто оној, кој сам себе се смета за нешто, а не е ништо, тој се мами самиот себе. Секој нека си ги испита делата свои и тогаш ќе има пофалба пред себе самиот, а не пред друг. Зашто секој ќе го понесе својот товар.