Галатјаните 5:7-10
Галатјаните 5:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Вие трчавте добро: кој ви попречи да не се покорувате на вистината? Тоа убедување не е од Оној Кој ве повика. Малку квас го потквасува целото тесто. Јас сум уверен за вас во Господ дека вие нема да мислите инаку; а оној, кој ве збунува, – кој и да бил, – ќе претрпи осуда.
Галатјаните 5:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Добро напредувавте. Кој ве спречи да продолжите да ја следите вистината? Тоа сигурно не е Бог, зашто Тој ве избра. Малку квасец треба за да скисне целото тесто! Јас сепак верувам дека Господ ќе ве одржи за да не отстапите од вистината, а оние што ве збунуваат, кои и да се, ќе си ја добијат заслужената казна.
Галатјаните 5:7-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Трчавте добро! Кој ви попречи да не се покорувате на вистината? Тоа одвраќање не е од Оној, Кој ве повика. Малку квас го потквасува целото тесто. Јас сум уверен за вас во Господа, дека нема да мислите инаку. А кој ве буни ќе претрпи осуда, кој и да бил!