Галатјаните 5:4-6
Галатјаните 5:4-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Вие, што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта; а ние се надеваме и очекуваме оправдание од верата преку Духот. Зашто во Христос Исус ниту обрезанието има сила, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта.
Галатјаните 5:4-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тие што се обидуваат да се помират со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, се одвојуваат од Христос и ја губат Неговата благонаклоност. А ние, христијаните, со нетрпение очекуваме да бидеме оправдани, но преку Светиот Дух и преку вера. За тој што верува во Исус Христос нема никакво значење дали е обрежан или не. Важно е да имате делотворна вера и таа да се искажува преку љубов.
Галатјаните 5:4-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Се одвоивте од Христа вие, кои сакате да се оправдате преку Законот; отпаднавте од благодатта. Зашто ние, преку Духот, преку верата, ја очекуваме надежта на правдата. Зашто во Христа Исуса ниту обрезанието има вредност, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта.