Галатјаните 5:22-25
Галатјаните 5:22-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Од друга страна, ако ве раководи Светиот Дух, Тој ќе ги произведе во вас следниве плодови: љубов, радост, мир, трпеливост, љубезност, добрина, верност, кроткост и самоконтрола. Не постои закон што е против вакви нешта. Тие што Му припаѓаат на Исус Христос, ја имаат распнато својата грешна телесна природа, заедно со нејзините необуздани желби и страсти. Ако Светиот Дух ни дал живот, тогаш треба да живееме согласно Неговото водство.
Галатјаните 5:22-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост. Против такви нема закон. Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите. Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме.
Галатјаните 5:22-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; нема закон против вакви нешта. А оние кои се Христови го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти. Ако живееме во Духот, нека и да Го следиме Духот!