Галатјаните 5:2-6
Галатјаните 5:2-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос ништо нема да ви помогне. А му сведочам пак на секој човек што се обрезува дека тој е должен да го почитува целиот Закон. Вие, што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта; а ние се надеваме и очекуваме оправдание од верата преку Духот. Зашто во Христос Исус ниту обрезанието има сила, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта.
Галатјаните 5:2-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Слушнете ме сега! Јас, Павле, ви тврдам дека ако се надевате преку обрежувањето да се спасите, тогаш Христос не може да ви помогне. Уште еднаш ќе ви нагласам дека секој што ќе се обреже е должен да го спроведува целиот Мојсеев Закон. Тие што се обидуваат да се помират со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, се одвојуваат од Христос и ја губат Неговата благонаклоност. А ние, христијаните, со нетрпение очекуваме да бидеме оправдани, но преку Светиот Дух и преку вера. За тој што верува во Исус Христос нема никакво значење дали е обрежан или не. Важно е да имате делотворна вера и таа да се искажува преку љубов.
Галатјаните 5:2-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос никако нема да ви користи. И пак му сведочам на секој човек, кој се обрезува, дека е должен да го исполни целиот Закон. Се одвоивте од Христа вие, кои сакате да се оправдате преку Законот; отпаднавте од благодатта. Зашто ние, преку Духот, преку верата, ја очекуваме надежта на правдата. Зашто во Христа Исуса ниту обрезанието има вредност, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта.