Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 5:18-26

Галатјаните 5:18-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Но ако сте водени од Светиот Дух, значи дека вие веќе не сте под Законот. Делата на грешната телесна природа се видливи: блуд, погани работи, разврат, идолопоклонство, вражање, омрази, кавги, љубомора, гнев, себичност, поделби, ереси, завист, пијанство, развратни гозби и слични нешта за кои веќе порано ве предупредив. Како што веќе ви зборував, оние што прават такви нешта нема да го наследат Божјото царство. Од друга страна, ако ве раководи Светиот Дух, Тој ќе ги произведе во вас следниве плодови: љубов, радост, мир, трпеливост, љубезност, добрина, верност, кроткост и самоконтрола. Не постои закон што е против вакви нешта. Тие што Му припаѓаат на Исус Христос, ја имаат распнато својата грешна телесна природа, заедно со нејзините необуздани желби и страсти. Ако Светиот Дух ни дал живот, тогаш треба да живееме согласно Неговото водство. Не смееме да бидеме самобендисани, да се провоцираме еден со друг или да си завидуваме.

Галатјаните 5:18-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Но, ако Духот ве води не сте под Законот. А делата на телото се познати; тоа се: блудство, нечистота, бесрамност, идолопоклонство, вражање, непријателства, препирка, ревнување, гнев, себичност, раздори, кривоверства; зависти, убиства, пијанства, срамни гозби, и слични на овие, за кои ви зборувам однапред, како што ви реков и порано: дека оние, кои прават такви работи, нема да го наследат Божјото Царство. А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; нема закон против вакви нешта. А оние кои се Христови го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти. Ако живееме во Духот, нека и да Го следиме Духот! Да не бидеме полни со суетно славољубие! Да не се предизвикуваме еден со друг! Да не си завидуваме еден на друг!