Галатјаните 5:13-14
Галатјаните 5:13-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто вие, браќа, повикани сте кон слобода; само слободата да не ви биде повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг. Зашто целиот Закон е исполнет во еден збор - во: „Љуби го својот ближен како самиот себе!“
Галатјаните 5:13-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Што се однесува до вас, драги пријатели христијани, вие сте избрани да живеете во слобода. Немојте, меѓутоа, таа слобода да ви биде изговор за да дозволите телесното да завладее со вас. Напротив, со љубов служете си еден на друг. Зашто, целиот Закон може да се сведе само на една заповед: „Сакај го својот ближен како што се сакаш себеси.“
Галатјаните 5:13-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг. Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе.