Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 2:11-16

Галатјаните 2:11-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А кога дојде Кифа во Антиохија, јас лично му се спротивставив, зашто бе­ше заслужил осудување. Имено, пред да пристигнат некои од Јаков, тој јадеше заедно со незна­бош­ците; а кога дојдоа, почна да се снебива и да се двои, бидејќи се плашеше од об­резаните. Заедно со него лицемереа и другите Јудејци, така што со нивното лицеме­рие беше заведен дури и Варнава. А кога видов дека тие не постапува­ат точно според Евангелската вистина, му реков на Кифа пред сите: „Кога ти, кој си Јудеец, живееш како нез­на­бош­ците, а не како Јудејците, зошто тогаш незнабошците ги принудуваш да жи­ве­ат јудејски?“ Ние сме родени како Јудејци, а не грешници од незнабошците. Но знаеме дека човекот не се оп­равдува преку делата на Законот, туку само преку верата во Христос Исус. За­тоа и ние поверувавме во Исус Христос, за да се оправдаме преку верата во Христос, а не преку делата на Законот; зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда.

Галатјаните 2:11-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Но кога Петар дојде во Антиохија, јас бев принуден јавно да му се противставам, бидејќи заслужуваше да биде укорен! Имено, пред да дојдат неколкумина пратеници на Јаков, тој слободно јадеше со христијани од нееврејско потекло. Но кога овие дојдоа, се повлече и се одвои од неевреите, плашејќи се да не биде осуден од новодојдените браќа Евреи! Во тоа лицемерство му се придружија и другите Евреи христијани, па дури и Барнаба го вовлекоа во тоа лицемерство! Кога видов дека не постапуваат правилно и во согласност со вистинската Радосна вест, јас пред сите му реков на Петар: „Ти, иако си Евреин, се откажа од еврејските закони и живееш како неевреин. Како можеш сега да ги тераш оние што не се Евреи да живеат според еврејските правила!? Јас и ти по раѓање сме Евреи, а не грешници од народите кои не Го познаваат Бога. Па сепак знаеме дека човек не се помирува со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, туку преку вера во Исус Христос. Затоа и поверувавме во Исус Христос, за да бидеме прифатени од Бог преку вера во Христос, а не преку придржување кон Мојсеевиот Закон. Никој нема да се спаси придржувајќи се до Мојсеевиот Закон.“

Галатјаните 2:11-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А кога Кифа дојде во Антиохија, му се спротивставив во лице, зашто требаше да биде осуден. Имено, пред да дојдат некои од Јакова, тој јадеше со многубошците, но кога дојдоа овие, тој се повлече и се отстрани, заради страв од обрезаните. И дволичеа со него и другите Јудејци, така што нивното лицемерство го заведе и Варнава. Кога видов дека не одат право според вистината на Евангелието, му реков на Кифа пред сите: „Ако ти, кој си Јудеец, живееш како народите; а не јудејски, како можеш да ги принудуваш народите да живеат јудејски. Ние сме по раѓање Јудејци, а не грешници од народите. Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исуса Христа, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек.