Ездра 3:1-3
Ездра 3:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога настапи седмиот месец, и синовите Израелови веќе беа по градовите, народот се собра заедно во Ерусалим. Тогаш Јешуа, синот на Јоседек, и неговите браќа по свештенство, и Зоровавел, синот на Салатиил, и браќата негови, започнаа да Му градат на Бог Израелов жртвеник за да принесуваат на него сепаленици, како што е запишано во законот на Мојсеј, човекот Божји. Го поставија жртвеникот врз основите негови, бидејќи се плашеа од соседните народи; и почнаа да принесуваат на него сепаленици на Господ, наутро и навечер.
Ездра 3:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога дојде седмиот месец - Израелевите синови веќе беа во своите градови - сиот народ се собра како еден човек во Ерусалим. Тогаш Исус, синот Јоседеков, со своите браќа свештеници, и Зоровавел, синот Салатилов, со своите браќа, почнаа да Му градат жртвеник на Израелевиот Бог, за да принесуваат паленици, како што е напишано во Законот на Мојсеј, Божјиот човек. И подигнаа жртвеник на старото место - иако беа во страв од народот во земјата - и Му принесуваа паленици на Господа, утрински и вечерни паленици