Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 48:1-9

Езекиел 48:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А ова се имињата на племињата. На север, по патот што води од Хетлон за Хамат и Хацар-Енан, на ме­ѓата меѓу Дамаск и Хамат, сето тоа од исток па сѐ до морето е еден дел за Дан. А од границата на Дан, од север па до запад, тоа е еден дел за Асир. Од границата, пак, на Асир, од ис­точниот крај па до западниот, тоа е дел еден за Нефталим. До границата на Нефталим, од ис­точниот крај па сѐ до западниот, тоа е еден дел за Манасија. До границата на Манасија, од исток до запад, тоа е еден дел за Ефрем. До границата на Ефрем, од источ­ниот крај па сѐ до западниот, тоа е еден дел за Рувим. До границата на Рувим, од исток до запад, тоа е еден дел за Јуда. А до границата на Јуда, од исток до запад, е свештениот дел, широк дваесет и пет илјади лакти и долг колку што се и другите делови, од исток па сѐ до запад. Во средината негова нека биде светилиштето. Делот што е посветен за Господ ќе биде долг дваесет и пет илјади лакти, а широк десет илјади.

Езекиел 48:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А ова се имињата на племињата: од крајниот север покрај патот за Етлон кон влезот во Емат и Асар Енан, од Дамасканскиот крај на север вдолж Емат, од исток до запад - Дановиот дел. Покрај Дановото подрачје, од исток до запад - Асировиот дел. Покрај Асировото подрачје, од исток до запад - Нефталимовиот дел. Покрај Нефталимовото подрачје, од исток до запад - Манасиевиот дел. Покрај Манасиевото подрачје, од исток до запад - Ефремовиот дел. Покрај Ефремовото подрачје, од исток до запад - Рувимовиот дел. Покрај Рувимовото подрачје, од исток до запад - Јудиниот дел. Покрај Јудиното подрачје, од исток до запад - нека биде задржано подрачјето што ќе Му го принесете на Господа; дваесет и пет илјади лакти во ширина, а во должина како секој друг дел, од исток до запад. Светилиштето нека биде во средина. Тоа задржано подрачје што ќе Му го принесете на Господа, нека биде долго дваесет и пет илјади лакти, широко десет илјади.