Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 22:23-30

Езекиел 22:23-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И дојде слово Господово до мене: Сине човечки, кажи му: „Ти си земја неисчистена, неполивана со дожд во гневен ден.“ Пророците нејзини се огласија како лав што рика, кој го раскинува пленот; тие јадат души, одземаат имоти и драгоцености и со тоа го умножуваат бројот на вдовиците. Свештениците нејзини го нарушу­ваат Мојот закон и ги осквернуваат Моите светињи, не одвојуваат свето од несвето и не прават разлика меѓу чисто и нечисто; од саботите Мои ги покриваат очите свои, и Јас сум понизен меѓу нив. Кнезовите нејзини се како волци, кои грабаат плен, проливаат крв, по­губуваат души за да придобијат корист. А пророците нејзини сѐ замач­куваат со кал, гледаат суета и им претскажуваат лага, велејќи: „Така вели Господ Бог“, иако Господ не рекол така. А меѓу народот се угнетуваат еден со друг, грабаат и присилуваат беден и сиромав, и неправедно угнетуваат придојден. Јас барав кај нив човек, кој ќе ги обнови ѕидините, да застане пред Мене во одбрана на оваа земја да не ја сотрам, но не најдов.

Езекиел 22:23-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Ми дојде Господово слово: “Човечки сине, речи уште: ‘Ти си земја уште неочистена, која уште не ја изми дождот на гневниот ден!’ Во нејзината средина има заклетви од пророци, како лавовите што рикаат и што го раскинуваат пленот, ги голтаат луѓето, им ги одземаат богатството и скапоценостите, множејќи ги вдовиците сред неа. Нејзините свештеници не го почитуваат Мојот Закон и ги обесветуваат Моите светини, не разликувајќи го светото од несветото, не учејќи се да го разликуваат нечистото од чистото. Ги занемарија моите саботи, без чест Сум во нивната средина. Нејзините старешини, како волците што го раскинуваат пленот и што пролеваат крв, ги упропастуваат луѓето, лакоми на добиток. А нејзините пророци сето тоа го премачкуваат со белило и го покриваат со суетни виденија и со лажни пророкувања, велејќи: ‘Господ Бог зборува вака:’ а Господ не го рече тоа. Народот на земјата пак прави секакви насилства и грабежи, ги угнетуваат сиромашниот и бедниот, а придојденикот го угнетуваат без право. Барав меѓу нив некого за да ги подигне ѕидовите и за да застане на пробоите пред Мене во одбрана на земјата, за да не ја сотрам, и не најдов никого.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност