Излез 9:1-3
Излез 9:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Појди кај фараонот и кажи му: ‚Вака вели Господ, Бог на Евреите: пушти го народот Мој, за да ми изврши служба.‘ Зашто, ако не го пуштиш, па и понатаму го задржуваш, еве, раката Господова ќе дојде врз добитокот твој во полето, врз коњите, врз магарињата, врз камилите, врз говедата и врз ситниот добиток и многу голем помор ќе настане.
Сподели
Прочитај Излез 9Излез 9:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Оди при фараонот и речи му: ‘Господ, Бог на Евреите, порачува вака: „Пушти го Мојот народ да замине и да ми искаже почитување. Ако не го пуштиш, туку го задржуваш и натаму, Господовата рака ќе удри со страшен помор по твојот добиток што е во полето: по коњите, ослињата, камилите, по крупниот и ситниот добиток.
Сподели
Прочитај Излез 9