Излез 34:5-7
Излез 34:5-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Господ слезе во облак, а Мојсеј застана пред Него, и го извика името Господово. Потоа Господ помина покрај лицето на Мојсеј и извика: „Господ, Господ, Бог човекољубив и милостив, долготрпелив, многумилостив и верен! Кој ја чува правдата и покажува милост на илјадници, Кој проштава беззаконија, неправди и гревови, но Кој виновни не остава неказнети, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата, дури и внуците до третото и четвртото колено.“
Излез 34:5-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господ слезе во облак, а тој застана пред Него и Го повика Името: „Јахве-Господ!“ Господ помина пред него па се јави: „Јахве! Господ! Бог дарежлив и милостив, долготрпелив на гнев, многумилостив и вистински, искажува милост на илјадници, проштава опакост, грев и престап, но не остава неказнет виновник, туку ја казнува опакоста на татковците врз децата - и на внучињата до третото и четвртото поколение.“