Излез 34:12-15
Излез 34:12-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
внимавај да не влегуваш во сојуз со оние, кои живеат во земјата, во која ќе влезеш, да не станат соблазна за вас, туку жртвениците нивни урнете ги, и спомениците нивни скршете ги; и светите дрвја нивни исечете ги. Зашто ти не треба да се поклонуваш на други богови освен на Господ, бидејќи името Негово е ревниво; Тој е Бог ревнител. Не стапувај во сојуз со жителите на таа земја, та кога ќе се оддаваат на блуд за своите богови и им принесуваат жртва, да не те поканат и тебе да јадеш од нивните жртви.
Излез 34:12-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Внимавај да не склучиш завет со жителите на земјата во која одиш; за да не бидат стапица во твојата средина. Туку, разурнете ги нивните жртвеници, соборете ги нивните столбови, исечете им ги ашерите! Зашто не смееш да се клањаш на друг бог. Па Господ - името Му е Ревнител - Бог е ревнив. Не прави завет со жителите на онаа земја, за да не те повикаат тие, кога ќе блудствуваат со своите богови и кога ќе им принесуваат жртви, а ти се согласиш да јадеш од принесената жртва