Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 33:17-23

Излез 33:17-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

„И ова што го побара, ќе направам - му одговори Господ на Мојсеја. - Па ти ја уживаш Мојата благонаклоност, зашто те познавам по име.“ „Покажи ми ја Својата слава,“ замоли Мојсеј. „Ќе дозволам пред тебе да помине сиот Мој болскот - одговори - и пред тебе ќе го изустам Своето име Господ. Ќе бидам милостив кому што сакам да бидам милостив; ќе му се смилувам кому што сакам да му се смилувам. А ти - додаде - не можеш да го видиш Моето лице, зашто човек не може да Ме види Мене и да остане жив. Еве место тука покрај Мене - продолжи Господ. Застани на карпата! Додека поминува Мојата слава, ќе те ставам во пукнатината на карпата и ќе те заштитам со Својата рака додека не поминам. Тогаш ќе ја помрднам Својата рака, па ќе Ме видиш од плеќи. Но Моето лице не може да се види.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност