Излез 33:12-16
Излез 33:12-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Мојсеј му рече на Господ: „Ете, Ти ми велиш: ‚води го тој народ‘, и не ми јави кого ќе пратиш со мене, иако ми рече: ‚Јас те знам по име и ти најде милост пред Мене.‘ Па, ако, сум нашол милост пред Тебе откриј ми се да Те разберам, та и понатаму да најдам милост пред Тебе, и да видам дека овие луѓе се Твој народ.“ И му рече: „Јас Самиот ќе врвам пред тебе, и ќе те успокојам.“ А тој му рече: „Ако Ти Самиот не појдеш со нас, тогаш не изведувај нѐ одовде, зашто, по што ќе познаеме дека јас и народот Твој сме нашле милост пред Тебе, освен по тоа што Ти одиш со нас? И по тоа ќе се разликуваме и народот Твој од сите други народи што се на земјата.“
Излез 33:12-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Мојсеј се обрна кон Господа: „Гледај, Ти ми рече: ‘Поведи го овој народ,’ ама не ми јави кого ќе испратиш со мене. Уште ми рече: ‘Те знам по име и ти ја уживаш мојата благонаклонетост.’ Затоа, ако ја уживам Твојата благонаклонетост, покажи ми ги Своите патишта, за да Те сфатам и за да ја уживам и натаму Твојата благонаклоност. Исто така, помисли дека овие луѓе се Твој народ.“ „Јас лично ќе тргнам со тебе - одговори Господ - и ќе ти обезбедам одмор.“ „Ако не тргнеш Ти - додаде Мојсеј - и не изведувај нѐ оттука. Па како ќе се знае дека ја уживаме Твојата наклоност, јас и Твојот народ? По тоа што идеш со нас. Само со тоа ќе се разликуваме јас и Твојот народ меѓу сите народи што се на лицето на земјата.“