Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 3:3-11

Излез 3:3-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И Мојсеј рече: „Да појдам да го видам ова чудо, зошто грмушката не изгорува?“ А кога Господ виде дека тој доаѓа да види, извика Господ од грмушката и рече: „Мојсеј, Мојсеј!“ А тој одговори: „Еве ме, Господи!“ А Тој рече: „Не приоѓај ваму. Собуј си ги обувките од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја.“ И му рече: „Јас сум Бог на таткото твој, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.“ А Мојсеј го закри лицето свое, зашто се плашеше да погледне во Бога. И Господ рече: „Ги видов страдањата на народот Мој во Египет, и го чув пискотот негов од надзорниците. Позната ми е маката негова. Па слегов да го избавам од рацете египетски, и да го изведам од таа земја и да го воведам во земја добра и пространа, во земја, каде што тече мед и млеко, во земјата на Хананците, Хитиј­ците, Аморејците, Перизијците, Евеј­ци­те и Јевусијците. И еве, сега викотот на израелските синови стигна до Мене, и Јас го видов гнетот, со кој ги мачат Египќаните. А сега појди – Јас те испраќам кај фараонот, за да го изведеш од Египет народот Мој, синовите израелски.“ Мојсеј, пак, Му проговори на Бога: „Кој сум јас, та да одам кај фараонот, и да ги изведам синовите на Израел од земјата египетска?“

Излез 3:3-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

„Ајде да се доближам - рече Мојсеј - и да ја набљудувам оваа чудна глетка: зошто капината не изгорува.“ Кога Господ виде дека приоѓа да разгледа, Бог го повика од капината: „Мојсеј! Мојсеј!“ „Еве ме,“ се јави. „Не приближувај се наваму! - рече. - Собуј ги обувките од нозете! Зашто местото на кое стоиш е света земја. Јас Сум - продолжи - Бог на твојот татко; Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јаковов.“ Мојсеј го засолна лицето: се плашеше да гледа во Бога. „Ги видов страдањата на својот народ во Египет - продолжи Господ - и му ја чув тужбата против неговите угнетувачи. Познати ми се неговите маки. Затоа слегов да го избавам од египетските раце и да го одведам во добра и пространа земја, во земја каде течат мед и млеко: во родниот крај на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците. Повиците на Израелевите синови стигнаа до мене. И Самиот видов како Египетците ги угнетуваат. Затоа, ајде! Јас те испраќам при фараонот да го избавиш Мојот народ, Израелците, од Египет.“ „Кој сум јас да се запатам при фараонот - Му одговори Мојсеј на Бога - и да ги изведам Израелците од Египет!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност