Излез 3:1-4
Излез 3:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Мојсеј го пасеше стадото на Јотор, тестот свој, свештеникот мидјански. Еднаш го одведе стадото далеку во пустината и дојде до Божјата планина Хорив. И му се јави ангел Господов во огнен пламен од средината на една грмушка. И виде тој, а тоа грмушката гори со оган, а не изгорува. И Мојсеј рече: „Да појдам да го видам ова чудо, зошто грмушката не изгорува?“ А кога Господ виде дека тој доаѓа да види, извика Господ од грмушката и рече: „Мојсеј, Мојсеј!“ А тој одговори: „Еве ме, Господи!“
Излез 3:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Мојсеј ги пасеше овците на деда си Јотор, мадијамски свештеник. Гонејќи го така стадото по пустината, дојде до Божјата Гора, Хорив. Господов ангел му се покажа во распламнат оган од една капина. Тој се загледа: целата капина во пламен, а сепак не изгорува. „Ајде да се доближам - рече Мојсеј - и да ја набљудувам оваа чудна глетка: зошто капината не изгорува.“ Кога Господ виде дека приоѓа да разгледа, Бог го повика од капината: „Мојсеј! Мојсеј!“ „Еве ме,“ се јави.