Излез 25:1-9
Излез 25:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Господ му рече на Мојсеј, велејќи: „Кажи им на синовите на Израел да Ми соберат прилози: земете прилог кој од драго срце Ми дава. А прилогот што ќе го земете од нив да биде: злато, сребро и бакар; волна сина, црвена и светлоцрвена, лен и козина; и црвени овнешки кожи, фини кожи и дрвја од шитим; масло за светење, и мириси за маслото за помазание и за мирисно кадило; камења оникс и камења за украсување на ефодот и наградникот. Да Ми направите светилиште, од каде што ќе ви се јавувам вам. Сѐ, како што ќе ти покажам Јас на планината: и образецот на скинијата, и образецот на сите предмети во неа – така да направите.
Излез 25:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господ му рече на Мојсеја: „Кажи им на Израелците да Ме даруваат, а вие примајте ги даровите во Моја чест од секој што дава од срце. А примајте ги овие дарови: злато, сребро и бронза; љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен; готови овновски кожи, па убави кожи; ситимово дрво; масло за осветлување; мириси за масло за помазание и за мирисливо кадење; оникс и други бесцени камења, што ќе бидат вметнати во наплеќникот и врзградникот. Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив. При градењето на Престојувалиштето и на сѐ во него, постапи точно според образецот што ќе ти го покажам.“