Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 5:1-5

Естира 5:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

На третиот ден Естира се облече по царски и дојде во внатрешниот двор на царскиот дом, пред домот на царот. А царот тогаш седеше на својот царски престол во царскиот дом, токму спроти влезот на домот. Кога царот виде дека царицата Естира стои во дворот, таа најде милост во очите негови и царот го подаде кон Естира златниот жезол што беше во раката негова. Естира се приближи и го допре крајот на жезолот. Тогаш царот ѝ рече: „Што ти е, царице Естира? Која е твојата молба? Дури и половината од царството ќе ти биде дадено.“ Тогаш Естира рече: „Денес имам празник. Ако му е на царот угодно, не­ка дојде царот со Аман на гозба што сум му ја приготвила.“ А царот рече: „Одете поскоро по Аман за да се исполни желбата на Ес­тира.“ И дојде царот со Аман на гозбата што ја беше приготвила Естира.

Естира 5:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во третиот ден, откако прекрати да пости ги соблече молитвенитеоблеки и се облече во царската облека, и застана во внатрешниот трем на царевата куќа, спроти царскиот дом; а царот седеше на својот царски престол во царскиот дом, спроти влезот на куќата. И кога царот виде дека царицата Естира стои во дворот; таа најде благодат пред него и царот го испружи златниот жезол што го држеше во раката, кон Естира; а Естира се доближи и се допре до крајот на жезолот. Царот рече: „Што тие тебе царице Естиро? Што сакаш? Ако е тоа и половина од царството, ќе ти биде!“ Естира одговори: „Царот ако му е мило, нека дојде со Амана на гозба што денес ја подготвив.“ Царот одговори: „Известете го веднаш Амана за да се исполни Естирината желба.“ Царот дојде со Амана на гозбата што ја подготви Естира.