Естира 2:21-23
Естира 2:21-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во тоа време, кога Мардохеј седеше пред царската порта, двајцата царски дворјани Бигетан и Тереш, кои го чуваа прагот, се озлобија поради тоа што беше претпочитан Мардохеј, па размислуваа како да стават рака врз царот Ксеркс. Кога дозна за тоа, Мардохеј ѝ соопшти на царицата Естира, а Естира му кажа на царот од името на Мардохеј. Работата беше испитана и се утврди дека е тоа вистина, и тие двајцата беа обесени на дрво. И тоа се запиша во книгата на царскиот летопис.
Естира 2:21-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во она време кога Мардохеј седеше при царевата врата, Вихтан и Терес двајца цареви дворјанци, чувари на прагот, пламнаа со гнев и почнаа да смислуваат да подигнат рака против царот Ахасвер. За таа нивна намера научи Мардохеј. Тој ѝ соопшти на царицата Естира, а Естира му соопшти на царот во Мардохеево име. Сѐ се истражи и завера беше откриена, па двајцата беа обесени на столб. Тоа беше запишано пред царот во книжниот свиток на Летописите.