Ефесјаните 6:5-9
Ефесјаните 6:5-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Вие, слуги, бидете послушни кон вашите земни господари со страв и трепет, во простота на срцето, како кон Христос, не работете само за пред очи, како оние што сакаат да им се умилкуваат на луѓето, туку како Христови слуги, извршувајќи ја волјата Божја од срце, драговолно служејќи, како да Му служите на Господ, а не на луѓе, знаејќи дека секој, па било тоа роб или слободен, ќе добие од Господ според доброто, што го направил. А и вие, господарите, исто така, однесувајте се кон нив и бидете умерени во строгоста своја, знаејќи дека и над вас самите и над нив има на небесата Господар, во Кого нема лицемерност!
Ефесјаните 6:5-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Робови, бидете им послушни на вашите земни господари, со страхопочит, искрено, од се срце, како да Му служите на Христос. Работете чесно, не само кога ве гледаат, и не за да ја добиете нивната наклоност, туку како робови на Христос кои од се срце ја исполнуваат Божјата волја. Ревносно исполнувајте ги вашите должности, правејќи го тоа како за Господ, а не како за луѓето, зашто знаете дека секој што прави добро, било да е роб или слободен, ќе биде награден од Господ. Истото важи и за вас, господари. Однесувајте се спрема вашите робови според истите принципи и немојте да им се заканувате, зашто знаете дека и тие и вие имате еден ист Господ на небото, кај Кого нема пристрасност!
Ефесјаните 6:5-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Робови, слушајте ги вашите господари по тело со страв и трепет, во простота на своето срце, како Христа! Не служете само пред очите, како оние кои им угодуваат на луѓето, туку како Христови служители, кои од сета душа ја извршуваат Божјата волја! Служете доброволно како на Господа, а не на луѓе, знаејќи дека секој - роб или слободен - ако направи нешто добро, ќе го добие тоа од Господа! А вие, господари, постапувајте исто така со нив, без закани, знаејќи дека нивниот и вашиот Господар е на небесата! И дека Тој не гледа кој е кој!