Ефесјаните 6:18-20
Ефесјаните 6:18-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Со секаква молитва и молба во секоја пригода молете се во духот. Затоа бидете постојано будни со сета истрајност и молитва за сите светии, и за мене, та, кога ќе ја отворам устата да ми се даде слободно да ја соопштувам тајната на Евангелието, поради кое сум пратеник во окови, за да го проповедам смело, како што ми прилега.
Ефесјаните 6:18-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Постојано молете се и барајте, онака како што ве води Светиот Дух. Бидете будни и истрајно молете се за сите христијани. Молете се и за мене, кога ќе отворам уста, Бог да ми даде зборови смело да проповедам за тајната на Радосната вест, иако сега сум во окови токму поради тоа што, како Божји пратеник ја проповедам Радосната вест. Молете се да продолжам смело да зборувам, како што и треба.
Ефесјаните 6:18-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сето постојанство и со молба за сите свети и за мене, да ми се даде слово кога ќе ја отворам устата, за да можам да ја соопштувам смело тајната на Евангелието, за кое сум пратеник во окови: за да зборувам смело како што и треба да зборувам.